Екс-репрезентативец на Полска ќе ги тренира голманите на Висла

Тренерот на Висла Плоцк, Хавиер Сабате е иницијатор за вклучување на поранешниот репрезентативец на Полска во неговиот стручен штаб. Се работи за партнерот на Шмал, Марци Вихари, кој после завршувањето на кариерта стана тренер во вториот тим на Висла Плоцк.

На инсистирање на Сабате, Вихари ќе ги тренира голманите на Висла Плоцк и ќе биде замена за Артур Гурал.

Со Вихари тимот на Висла Плоцк сигурно ќе добие многу бидејќи се работи за тренер кој има големо играчко искуство и сигурно ќе придонесе многу за голманите на вториот по квалитет состав во Полска.

Висла Плоцк во новата сезона ќе игра во Лигата на Европа бидејќи во новата сезона Полска има само едно место во Лигата на шампионите.