Екс ракометар на Хамбург и Гепинген реши да се повлече од терените

Поранешниот ракометар на Хамбург и Гепинген, Алан Дамгард реши на 36 години да се повлече од ракометните терени.

Данецот, кој во текот на 2019 година се врати во Холстебро, изјави дека не е толку доволно силен како во најдобрите денови, па поради тоа оваа сезона ќе му биде последната во неговата кариера.

„Мислам дека сега е подобро да ја завршам кариерата. Можам да кажам дека имав долга играчка кариера. Повеќе не се чувствувам толку млад и силен. Плус, сакам да ја завршам кариерата во Холстебро“, изјави Дамгард.

Средниот бек својата кариера ја започна во Родби, потоа настапуваше за Морс, Виборг и Силкеборг, а пред да се пресели во Бундес лигата го носеше дресот на неговиот сегашен клуб Холстебро.

Во сезона 2015/16 настапуваше за поранешниот европски шампион Хамбург, додека две сезони, 2017/18 и 2018/19 беше дел од тимот на Гепинген. По две сезони минати во Гепинген се врати во Холстебро.