Екс ракометар на Татран Прешов и искусниот Николиќ пред потпис со Младост Богданци?

Големиот талент на црногорскиот ракомет, Петар Абрамовиќ и искусниот Богдан Николиќ се пред потпис со новиот суперлигаш Младост Богданци.

21-годишниот Абрамовиќ, кој потекнува од Ловќен, во минатите две сезони играше за словачкиот Татран Прешов и босанскиот Леотар Требиње, а станува збор за лев бек висок 203 сантиметри.

Искусниот среден бек Николиќ, по заминувањето од Бутел Скопје, кариерата би можел да ја продолжи во Богданци, а претходно беше член на Пелистер, Струга, Ловќен и Сутјеска.

Младост Богданци ги засили своите редови со десното крило Никола Димитров од Еурофарм Пелистер 2, а претходно дојдоа пикерот Василевски и уште едно десно крило, Стојчевски.