Екс ракометар на Металург се врати во татковината

Тимот на Металопластика доби засилување на десната бековска позиција, откако во овој тим се врати десниот бек Војислав Брајовиќ.

Некогашниот десен бек на Металург, играше две години во романската Баја Маре, но таму дојде Жозе Толедо, па немаше место за Брајовиќ.

Тој беше член на тимот од Автокоманда во сезоната 2016/17, остави добар впечаток, но замина по неполна сезона во Металопластика.

Афирмацијата ја стекна во Црвена Ѕвезда, беше дел и од словенечкиот Марибор. Српскиот десен бек има и босански пасош, но не игра за националниот тим.