Екс ракометар на Металург направи камбек во Металопластика

Поранешниот ракометар на Металург, Бранко Канкараш во остатокот од натпреварувачката сезона 2022/23 ќе го носи дресот на амбициозната екипа на Металопластика.

Раководството на клубот од Шабац официјално го претстави искусниот ракометар, кој реши да направи камбек во клубот со кој ја започна својата одлична кариера.

Канкараш по авантурата во Израел на почетокот на оваа сезона ги засили редовите на Црвена Ѕвезда, но одлучи вториот дел од сезоната да го мине во Шабац.

34-годишниот ракометар во својата кариера настапуваше и за екипите на Југовиќ, Војводина, Мешков Брест, француските Истр и Валанс и Мерсин од Турција.

Клубот на Владан Матиќ е еден од главните кандидати за титулата во српскиот шампионат.

Металопластика моментално се наоѓа на 2. место на табелата, има 30 бода, додека актуелниот лидер Војводина на свое конто има два бода повеќе, односно 32.