Екс ракометарка на Куманово се пресели во Финска

Црногорската интернационалка, Ана Шарановиќ, која три сезони го носеше дресот на Куманово, во новата сезона ќе има нов интернационален предизвик.

24-годишната ракометарка одлучи да се пресели во Финска и таму ќе настапува за екипата на Кокс.

Левиот бек минатата сезона од Куманово се пресели на Апенинскиот полуостров и во Италија една сезона настапуваше за Понтиниа.

Екс ракометарката на Куманово во својата кариера беше дел и од екипите на Будуќност и Даниловград.

На репрезентативно ниво настапуваше за сите младински селекции за својата татковина.

Со Куманово се радуваше на две титули во националниот шампионат, како и на две титули во Купот на Македонија.