Екс младински репрезентативец го засили Драчево

Тимот на Драчево донесе уште едно засилување пред стартот на новата сезона во Првата лига, која почнува в сабота.

Новиот прволигаш се засили со левиот бек Иван Ангелов, поранешен младински репрезентативец, кој му се враќа на ракометот по една сезона.

Штипјанецот беше дел од Вардар Јуниор, пред да замине во грчкиот Аеропос Едеса, каде што одигра една сезона.

Претходно Драчево се засили со Бобан Андовски, Александар Димовски, Борче Ангеловски, Бобан Ристевски и Едис Јаховиќ.

Тимот предводен од некогашниот член на Вардар, Велимир Настески, ќе биде дел од групата А во Првата лига, со Аеродром, Јехона, Борец, Преспа, Шампион, Кичево и Риниа.