Екс голман на Пелистер и Прилеп продолжува во Нови Пазар

Екс голманот на Пелистер и Прилеп, Милош Рајичиќ во новата сезона ќе настапува во српската лига.

Искусниот голман по интернационалното искуство во Израел одлучи да се врати во Србија и да го носи дресот на Нови Пазар.

Рајичиќ ланската сезона го бранеше голот на израелскиот тим, Хапоел Ашдод. Во својата кариера настапуваше и за екипите на Макаби Димона и Металопластика.

Екипата на Нови Пазар во новата сезона влегува со големи амбиции за пласман меѓу најдобрите четири екипи во српската лига. За остварување на зацртаните цели, Нови Пазар мораше во своите редови да донесе квалитетни засилувања.