Екс голман на Вардар си најде нов ангажман, ќе ги тренира голманите на Борац

Ракометарот кој во минатото има стоено на голот на Вардар, Марио Блажевиќ се пресели во тренери после солидно успешната играчка кариера, па во иднина тој ќе биде во стручниот штаб на тимот на Борац од Бања Лука.

Се работи за поранешен играч и на овој клуб така што се враќа практично на свој терен.

После неколку сезони ангажман надвор од БиХ, тој сега се враќа дома и ќе ги тренира голманите во овој тим.

„После богатата кариера во странство и работа во стручниот штаб на освојувачот на Челенџ купот, ЧСМ Букурешт, Марио се врати во својот град и во својот клуб и ќе работи со голманите“, стои во соопштението на Борац.

Инаку, Блажевиќ веќе работи и како тренер на голманите во репрезентацијата на БиХ.