Екс голманката на Вардар со нов ангажман: Песоа се сели во Романија?

Екс голманката на Вардар, Маиса Песоа, од идната сезона најверојатно ќе се пресели во романскиот шампионат и ќе биде новата ракометарка на Дунареа Браила.

Покрај Песоа, во Дунареа Браила би требало да пристигне и втора репрезентативка на Бразил, Самара Да Силва, пишуваат романските медиуми.

Голманката во моментов се опоравува од повредата на лигаментите и за новата сезона би требало да биде подготвена за настап.

Песоа го носеше дресот на поранешниот македонски шампион Вардар, во сезоната 2016/17. По заминувањето од Скопје потпиша договор со рускиот шампион, Ростов Дон. Беше дел и од ЧСМ Букурешт, Динамо Волгоград и Париз.

Романската лига во женска конкуренција ќе биде на уште едно повисоко ниво во новата сезона со квалитетните засилувања во сите клубови кои се дел од првенството.