Екс вардарката се премисли: Андреа Кобетиќ ќе одигра уште една сезона во Шиофок!

Поранешната вардарка Андреа Кобетиќ, во неколку наврати најавуваше дека ова ќе и биде последната сезона во кариерата, но нема да биде така.

Таа повторно ја промени својата одлука, на која секако влијаеше и тоа што сезоната не заврши според очекувањата поради коронавирусот и ќе игра најмалку уште една година во Шиофок.

Шиофок иако беше втор на табелата во Унгарија, нема да добие шанса да игра во Лигата на шампионите, со оглед на тоа што федерацијата одлучи дека за Европа важат ланските резултати.

Тоа значи дека Шиофок ќе има шанса да игра во силната Лига на Европа. Тимот се засили со холандските репрезентативки Ван Дер Хејден и Снелдер, Французинката Хорачек, Германката Екерле, како и домашните ракометарки Киш и Тот.