Екс-вардарецот Векиќ има нов клуб, ќе игра заедно со Дарко Димитриевски

Тимот на Емсдетен од 2. Бундес лига за кој настапува Дарко Димитриевски доби големо засилување во поранешниот ракометар на Вардар, Хрватот Јосип Векиќ.

Тој доаѓа во тимот од Германија, а со своите 210 сантиметри и добро познати дефанзивни квалитети ќе биде големо засилување за клубот во текот на следната сезона.

Векиќ играше минатата сезона во Вардар, а има 23 години. Има настапи во Лигата на шампионите во пет сезони по ред од кои една беше во Вардар.

Интернационалецот од Хрватска ќе дојде како слободен играч во Емсдетен на 30 јуни, а доаѓа од екипата на Криенс.