Едуард Кокшаров си најде нова работа – стана тренер на Мешков Брест

Кратко време откако доби отказ од Ростов Дон поради неисполнетите цели со женскиот тим од Русија, Едуард Кокшаров има нова работа.

Некогашниот спортски директор и тренер на Вардар стана тренер на белорускиот шампион и учесник во регионалната СЕХА лига, Мешков Брест.

Брест пред неколку недели ја прекина соработката со Дмитри Тихон, кој имаше неколку кикса, па со Кокшаров ќе се обиде во финишот на сезона да ги оствари целите.

Кокшаров ја почна кариерата СКИФ Краснодар, работеше во Вардар, а беше селектор и на Русија, а по кратка пауза се врати на ракометот во Ростов Дон, каде имаше неуспешна одисеја.

Некогашното лево крило на Чеховски Медведи, Краснодар и Целје, освои титула во Лигата на шампионите со словенечкиот тим, а со селекцијата на Русија освојуваше медали на сите големи натпреварувања – ЕП, СП и ОИ.