Едуарда Аморим најде клуб каде што ќе ја заврши кариерата!

Поранешната ракометарка на Кометал Ѓорче Петров и Ѓер, Едуарда Аморим, доби дозвола да замине од Ростов Дон и веднаш најде нов клуб.

Аморим во преостанатиот дел од сезоната ќе игра во првенството на Романија, во екипата на ЧСМ Букурешт. Оваа вест ја објави клубот на својата веб страна.

Откако денеска Аморим го напушти Ростов и потпиша за нов клуб, ЕХФ и дозволи во продолжение на сезоната да настапува и во романското првенство и во Лигата на шампионите.

Едуарда Аморим беше дел од Кометал Ѓорче Петров од 2006 до 2009 година, потоа цели 12 години настапуваше во Ѓер од 2009 до 2021 година, а пред да си замине од Ростов играше само една година во рускиот тим.