Една од легендите на српскиот ракомет објави крај на репрезентативната кариера

Една од легендите на српскиот ракомет, Слаѓана Поп-Лазиќ објави дека ја завршува својата репрезентативна кариера. Србинката ќе остане и понатаму активна во ракометот, но само на клупско ниво.

Нејзините последни настапи во дресот на Србија беа квалификациските натпревари за пласман на Олимписките игри во Токио. Таа важеше за една од главните ракометарки во репрезентацијата на Србија и одигра на фантастично ниво на последното Светско првенство во Јапонија.

Моментално е членка на францускиот Брест Бретањ кој има високи амбиции во Лигата на шампионите и важи за еден од фаворитите за освојување на титулата во најквалитетното европско натпреварување.

Поп-Лазиќ за репрезентацијата на Србија според официјалната статистика на ЕХФ има одиграно 110 официјални натпревари и постигнато 324 голови.