Единствениот Шпанец во Мотор, останува во Украина уште две години

Ракометарот на Мотор Запорожје, Шпанецот Карлос Молина после една  и пол година во клубот одлучи да потпише нов договор и да ја продолжи верноста за дополнителни две години.

Молина доби добри оценки од тренерскиот тим за она што го прикажува во екипата која е ривал на Вардар во рамки на СЕХА лигата.

Неговата главна улога е во дефанзивата, па оттаму раководството на тимот на Мотор Запорожје не разислуваше многу и одлучи да ја продолжи соработката со ракометарот така што единствениот Шпанец остана верен на клубот од Украина.