Еден од браќата Тофт Хансен ја заврши кариерата!

Помладиот брат на олимписките шампиони Рене и Хенрик Тофт Хансен, Алан одлучи да ја заврши својата кариера.

25-годишниот ракометар беше член на Скендерборг каде што поради големата конкуренција го раскина договорот со клубот. Сега најави дека можеби тоа ќе биде и неговиот последен клуб во кариерата.

„Размислував за мојата иднина и можеби повеќе нема да се враќам на ракометот. Не сум донел конечна одлука. Се уште не знам што точно е најдобро за мене во овој период. Засега немам добри и интересни понуди за кои би размислувал“, изјави Алан Тофт Хансен.