Еден е Кире Лазаров – најдобриот стрелец во историјата на ЛШ, зад него се Хансен, Карабатиќ, Илиќ…

Македонскиот репрезентативен капитен е најдобриот стрелец во историјата на Лигата на шампионите, далеку пред сите други што се зад него на листата.

Нашиот десен бек, кој оваа година не игра во најелитната конкуренција, досега има постигнато 1.332 погодоци за Борец, Пелистер, Загреб, Веспрем, Барселона, Сиудад Реал, Атлетико Мадрид и францускиот Нант.

Покрај македонскиот бомбардер, само уште еден играч ја има надминато бројката од 1.000 голови – Никола Карабатиќ, кој даде 1.074 погодоци.

Тројката ја заокружува Момир Илиќ со 969 погодоци, а потоа на листата е Тимур Дибиров со 884, па Марко Вујин со 841 гол, Сергеј Рутенка со 838, Микел Хансен со 821, Ласло Наѓ со 806…