Еден голман исклучен, вториот се повреди – на голот застана играч и донесе шампионска титула! (ВИДЕО)

Финалето од првенството на Аргентина имаше неверојатна завршница во која екипата на Сан Фернандо триумфираше против Баластер со 30:29 и стана шампион и покрај проблемите на голманската позиција.

Сан Фернандо остана без двајцата голмани откако Николас Вела заработи црвен картон, а Карлос Дичиоко мораше да го напушти теренот поради повреда. На голот застана играчот Патрисио Вердино кој на крај се покажа како клучен за триумфот.

Сан Фернандо имаше напад во последната минута и водство од 30:29, но направија несфатлива грешка со што овозможија на тимот на Баластер преку контра да израмни. Сепак играчот-голман имаше неверојатна одбрана со која донесе победа и титула на својот тим.

Завршницата може да ја погледнете во следното видео…