Еден вардарец ќе игра против Македонија на „Трофеј Карпати“ (ФОТО)

По двете пријателски средби против селекцијата на Кувајт, машката репрезентација на Македонија заминува за главниот град на Романија, Букурешт, каде што ќе биде дел од турнирот „Трофеј Карпати“.

Покрај домаќинот и Македонија, на турнирот на 28 и 29 декември, ќе настапат и репрезентациите на Холандија и Алжир. Во африканската селекција, која ќе биде полуфинален ривал на Македонија, ќе настапи и еден ракометар на европскиот шампион Вардар, а станува збор за голманот Калифа Гедбан.

Тој е еден од седумте интернационалци во алжирската репрезентација, додека останатите настапуваат во домашните клубови. Доколку Македонија го победи Алжир, во финалето ќе се сретне со победникот од другиот полуфинален двобој меѓу Романија и Холандија.