Европското првенство ќе се гледа на ТВ и во Македонија

Европското првенство за жени во Данска стартува во текот на утрешниот ден со натпреварите од групите А и Б.

Иако нашата репрезентација нема да игра во Данска, сепак натпреварите ќе бидат пренесувани и во Македонија на кабелската телевизија КЛАН ТВ. Распоредот на преноси ќе биде дополнително познат.

Вкупно ќе бидат одиграни 47 на континенталниот собир, а ниту една селекција не може да биде однапред прогласен за фаворит, поради тоа што секојдневно се менува ситуацијата со позитивни ракометарки во сите репрезентации.

Европското првенство ќе се гледа во Европа, Азија, Африка, Австралија и Северна Америка во повеќе од 50 држави.