Европски Куп: Гакидова и Јанеска во осминафинале, мак-двобојот за Десподовска

Ширум Европа од петокот до денеска се одиграа 44 натпревари од квалификациите во женската Лига на Европа, како и од третото коло во Европскиот Куп кај мажите и кај жените.

Македонскиот претставник Чаир загуби дома од израелскиот Макаби Аразим Рамат Ган, додека вториот наш тим во Европскиот Куп, следниот викенд ќе го одигра двомечот со австрискиот Румс Јагс.

Од тимовите што имаат македонски интернационалки, турскиот Коњалти Анталија со Моника Јанеска и Ивана Гакидова се пласираше во осминафиналето со две победи над украинската Галичанка Лвов. На првиот меч во победата со 30-26, Јанеска даде два гола, додека Гакидова еден, а на вториот дуел и победата со 30-28, Гакидова беше втор стрелец со пет гола од пет обиди, додека Јанеска постигна еден гол.

На „македонскиот двобој“ меѓу полскиот Кобержице и ПАОК, славеа домашните со 26-23, но ќе има пеколен реванш во Солун. Во полскиот тим, Зорица Десподовска беше прв стрелец со пет гола, а додека кај ПАОК, Александра Боризовска со четири погодоци беше втор стрелец.

Тимот на ГАС Артас, каде што игра Сања Цветкоска, загуби на гости кај српската Јагодина со 22-20, а македонската интернационалка немаше реализација. Ист беше случајот и со Александра Коловска, чиј клуб – словачкиот Михаловце без мака го победи шведскиот Луги со 33-25.

Во Европскиот Куп, место во осминафиналето обезбедија турските Коњалти и Измир, полскиот Јарослав, португалската Мадеира и тимот од Фарски Острови – Х71. Следните 11 екипи за во осминафиналето ќе бидат познати следниот викенд.

Во Европскиот Куп кај мажите, се одиграа 13 натпревари, а сите осминафиналисти ќе бидат познати следниот викенд.

Европски Куп, жени, 3 коло, резултати:

Измир – Сао Педро 30-25, 29-27
Алавариум – Јарослав 26-36, 21-44
Галичанка – Коњалти 26-30, 28-30
ИБВ – Мадеира 23-30, 24-22
Х71 – Славија Прага 27-29, 29-24
Јенимале – Кинзварт 29-35
Кобержице – ПАОК 26-23
Ацгерздорф – Ла Калзада 18-33
Јагодина – Артас 22-20
Михаловце – Луги 33-25
Борац – Бенфика 22-34
Чаир – Макаби Аразим 30-33
Валур – Елче 10/12, 11/12
Квинтус – Цуг 10/12, 11/12
Румс Јагс – Ѓорче Петров 10/12, 11/12
Гуардес – Унирек 10/12, 11/12

Европски Куп, мажи, 3 коло, резултати:

БК 46- Нербо 28-26
Вакер Тун – Олимпијакос 24-22
Карвина – Грачаница 22-18
Повашка Бистрица – Горица 29-24
Динамо Панчево – Бешикташ 30-28
Кремс – Војводина 27-29
Фиверс – Рибница 33-35
Висе – Арендал 24-31
АЕК Атина – Алингсас 32-27
Горење – Партизан 28-20
Рунар – Полва Сервити 41-30
Сесвете – Беса 31-23
Анортозис – Диферданж 23-20
Лимбург – Фасано 9/12, 10/12
ИБВ – Дукла Прага 10/12, 11/12
Плзен – Рамат Хашарон 10/12, 11/12

Лига на Европа, жени, 3 квалификациско коло, резултати:

Борусија Дортмунд – Железничар 43-22, 31-15
Вац – Брул 30-26, 38-29
Никобинг – Виборг 34-21
Шиофок – Магура Чиснадие 33-24
Фана – Букстехуде 28-21
Олденбург – Нант 27-34
Безансон – Бера Бра 32-29
Гран Канарија – Сола 29-32
Хор – Валчеа 24-31
Мошонмаѓаровар – Бузау 29-26
Заглебје – Подравка 24-24
Савехоф – Турингер