Европскиот шампион Кил немаше милост за Мотор

Ракометарите на Кил беа убедливи против Мотор Запорожје со резултат 34:23 во натпревар од Лигата на шампионите. Украинскиот тим имаше сили само во првите минути од натпреварот, потоа следуваше убедлива игра на домаќинот.

Мотор го отвори резултатот со голот на Аиденас Малашинскас за 0:1. Кил со трите голови на Дувњак и голот на Малте Вогт го презеде водството и веќе по првите седум минути имаше водство од 4:2. Брзата игра и транзиција продолжи и во следниот период, па така Кил од минута во минута го зголемуваше водството. Највисоките 10:5 беа поставени во текот на 14. минута со голот на Дувњак. Во продолжение, Кил го одржуваше водството од три до четири голови, а по 30 минути игра резултатот беше 16:12 за Кил.

Во вториот дел, Кил во почетните минути имаше три промашени удари кон голот на Мотор. Гостинската екипа на момент ја намали разликата, но разиграните ракометари на домашниот тим не дозволуваа целосно враќање на гостите. До крајот се играше само формално, а Кил целосно доминираше на теренот за висока победа.

„Зебрите“ беа предводени од Домагој Дувњак со осум погодоци. Во составот на Мотор Запорожје најефикасен беше Артем Козакевич со пет погодоци. Во следното коло, Кил гостува кај Мотор во Украина на 10 февруари.