Европскиот првак продолжува со одбраната на круната, веќе е во втор круг

Репрезентацијата на Франција одигра лесен натпревар против Словенија и после две одиграни средби веќе има пласман во втората фаза од Европското првенство. Победата од 27:17 беше и повеќе од доволна така што нема ништо непредвидено.

Франција доминираше во текот на целата средба. Уште во првото полувреме имаше обезбедено предност која до крајот на натпреварот само беше зачувана и потврдена.

Триколорките постојано ја зголемуваа предноста, а најголемото водство беше од седум гола при 9:2. Сепак, на одмор се замина со 12:6 така што немаше никаков проблем  во вториот дел да се одигра уште помирно.

После шест гола на полувреме, вторите 30 минути беа само формалност. Сèуште актуелните шампионки водеа во текот на целата средба, а во второто полувреме постојано беа над осум гола. Во финишот обезбедија и двоцифрена разлика така што на крајот се стигна до висока победа која воедно и го потврдија местото на Франција во следната рунда, па во последното коло ќе треба само да се одигра за пренесување бодови против Данска.

Амандин Лејно успеа да сопре осум удари на противникот, а најефикасни во Франција со по седум гола беа Александар Лакрабер и Естеле Нзе Минко. Во Словенија најефикасни со по четири гола беа Ана Грос и Барбара Лазовиќ.

За Словенија шанса за пласман понатаму ќе биде дуелот против Црна Гора во вторник, додека Франција веќе е сигурна за втората фаза.