Европскиот првак го доби бундес дербито – Магдебург победнички против Фленсбург

Актуелниот шампион на Европа, тимот на Магдебург, во натпревар од 2. коло во Бундес лигата го совлада Фленсбург со 31:29.

Ракометарите на Магдебург на полувреме имаа три гола предност, 16:13, и во вторите 30. минути не дозволија гостите да направат пресврт.

Кај Магдебург најрасположени беа Омар Магнусон, Феликс Клар и Михаел Дамгард. Тројцата ракометари постигнаа по шест погодоци во гостинската мрежа.

Во поразената екипа најдобар играч беше довчерашниот член на Магдебург, Кај Смитс. Холанѓанецот постигна седум погодоци, втор стрелец во поразениот табор беше левото крило Емил Јакобсен со пет погодоци, додека по четири реализации имаа Џим Готфридсон и Јоханес Гола.

Магдебург против Фуксе Берлин во следното коло ќе атакува на трета победа, додека Фленсбург за ривал во третото коло го има Кил.