Еве кои ракометари се во конкуренција за настап на ЕХФ шампионатот за младинци

Младинската машка репрезентација на Македонија денеска ги завршува подготовките во Маврово пред стартот на ЕХФ шампионатот во источниот сосед.

Селекторот Бранко Ангеловски сметаше на 22 ракометари на овие мини подготовки, а во конкуренција за настап на ЕХФ шампионатот треба да бидат и десниот бек Михаил Иваноски и десното крило Александар Петковски. Тие двајца настапуваа и на Медитеранските игри со сениорската репрезентација, па веќе се во натпреварувачка форма.

Се уште не е познато колку и кои ракометари ќе патуваат во Варна во источниот сосед, а ЕХФ шампионатот започнува на 16 јули и ќе се игра до 24 јули. Место во финалето или триумф носи квалификации за Светското првенство во 2023 во Германија и Грција.

Од овие 24 ракометари што се во конкуренција за настап во Варна, најголем дел се кадетски репрезентативци за кои натпреварите на младинскиот ЕХФ шампионат ќе бидат добредојдени пред настапот на кадетскиот ЕХФ шампионат во Рига.

Младинците на Македонија се во групата Б и ќе играат против Романија, Швајцарија, Украина и Косово.

Голмани: Галевски, Брестовац, Ерманоски
Леви крила: Стојановски, Тотиќ, Субашевски
Леви бекови: Димевски, Узунчев, Милков, Стојановски, Тодески
Средни бекови: Калајџиески, Димковски, Шулески, Цветковски, Илиески
Десни бекови: Иванов, Узунчев, Иваноски
Десни крила: Белистојаноски, Петковски
Пивоти: Михајловиќ, Карасманакис, Стојменов