Еве кои натпревари ќе ги гледате на МТВ – сите на Македонија плус 15 од главната рунда на СП

Македонската телевизија продолжува со преносите од Светското првенство кое се игра во Полска и Шведска.

По натпреварите од прелиминарната рунда, следуваат дуели од главната рунда на СП и дуелите од Президент Купот.

Трите меча на Македонија против Алжир, Тунис и Мароко, ќе бидат пренесувани на МТВ, а секојдневно ќе има уште по два, односно три преноси.

Македонија стартува денеска против Алжир од 15:30 часот, додека против Тунис и Мароко ќе игра на 21, односно 23 јануари со почеток во 18:00 часот.