Еве ги петте новајлии во „црвено-црното“ семејство (ФОТО)

На првиот тренинг на екипата на Вардар беа присутни петте од шесте нови засилувања за новата сезона.

Тренираа Стефан Петриќ, Марко Срдановиќ, Матија Николиќ, Косуке Јашухира и Нилтон Мело.

Во текот на следните денови ќе се приклучи кубанскиот репрезентативец Ансер Родригез.

Вардарци тренинзите ќе ги одработуваат во Скопје и Маврово, а потоа ќе настапат на Струшкиот турнир пред двомечот со Рајн Некар Левен.

Од тимот заминаа Талески, Манасков, Моралес, Добрковиќ и Маркоски, а кариерата ја завршија Стоилов и Ристовски.