Еве ги патниците на пионерскиот Ф4 – за титула ќе играат Еурофарм Пелистер, Голден Арт, Куманово и Аеродром

Минатиот викенд се одиграат четвртфиналните средби во машката пионерска лига и познати се четирите екипи што ќе играат на завршниот турнир.

На Ф4 ќе играат екипите на Голден Арт, Еурофарм Пелистер, Аеродром и Куманово, кои победија на натпреварите на домашен терен.

Голден Арт славеше против Бисинов Велес со 25-21, a Еурофарм Пелистер беше подобар од Мулти Есенс so 20-18.

Куманово го елиминира Скопје откако го победи со 18-16, додека Аеродром триумфираше над Охрид со 19-16.

Сите екипи што се пласираа на Ф4, беа првопласирани во своите групи по регуларниот дел од сезоната.

Натпреварите од завршниот турнир ќе се играат следниот викенд, а организаторот и полуфиналните двојки ќе бидат дополнително познати.