„Душебаев може да оди во секој клуб ако посака, но тој ќе остане во Келце“

Претседателот на Келце, Бертус Сервас го крои планот за следната сезона, а вели дека е подготвен за преговори со најдобрите ракометари чии договори истекуваат. На списокот се неколку ракометари кои го носат тимот, па оттаму се очекува да биде доста интересно.

Сервас вели дека еден од главните играчи, поранешниот вардарец, Алекс Душебаев може да отиде каде сака, но и дека тој сигурно ќе остане дел од екипата на Келце.

„Нов играч веќе е потпишан и тој ќе ни се приклучи на 1 јули. Чекаме само време за да го објавиме неговото име. Ние би сакале да ги објавиме сите трансфери неднаш. Знам дека сега се зборува многу за оваа тема, но наскоро ќе има повеќе информации. Во следните недели ќе има и конкретни информации за тоа со кои играчи ќе ги обновиме договорите. Преговорите сè уште траат. Знаеме дека Алекс Душебаев може да оди во кој било клуб во светот, но мислам дека тој ќе остане во Келце. Истото се однесува и за Андреас Волф, Даниел Душебаев и Николас Турна, но мора малку да почекаме“, ели претседателот на Келце, Бертус Сервас за клупскиот сајт.

Келце е тим кој секогаш е конкурентен за висок пласман во Лигата на шампионите, но годинава рано отпадна откако загуби од тимот на Нант уште во осминафиналето.