Душебаев ги „чуваше“ Алекс, Карачиќ, Вулф…за новата пресметка со Вардар

Меѓу двата натпревари со Вардар, екипата на Келце одигра натпревар од полскиот шампионат.

Полскиот првак немаше проблеми и славеше убедлив триумф над Чобри Глогов со 37-26, а победникот го реши уште по првиот дел кога беше 19-13.

Тренерот Талант Душебаев се реши да ги изостави од ростерот за овој натпревар Алекс Душебаев, Игор Карачиќ и Андреас Вулф, кои беа меѓу најзаслужните за победата над Вардар и да има свежи за втората пресметка.

Во составот не беа ниту Томаш Гебала и Сигвалди Гудјонсен, а најдобри стрелци со по пет погодоци беа Вујовиќ, Кулеш и Морито.

Натпреварот меѓу Келце и Вардар се игра на 25 ноември со почеток во 20:45 часот.