Душебаеви на прошетка: Кој повеќе се забавува – дедо Талант или внукот Хуго? (ФОТО)

Некогашниот десен бек на Вардар, Алекс Душебаев, беше во изолација неколку дена додека го чекаше резултатот од последниот тест на коронавирус.

За тоа време неговиот син Хуго со дедо Талант беше на утринска прошетка низ Келце, а Алекс објави фотографии на социјалните мрежи.

„Додека сум дома во карантин, ми ги испратија овие фотографии од Хуго и дедо му. Што мислите, кој си помина поубаво на прошетката ова утро?“, напиша Алекс.

Тој од вчера се врати на тренинзите на Келце бидејќи имаше негативен тест и ќе биде во ростерот за пресметката со Вардар.