Дупјачанец: Нашата примарна цел ја остваривме, но нема да застанеме тука!

Металург мораше да мине две квалификациски кола со хрватската Спачва и швајцарскиот Криенс за да се пласира во групната фаза од Лигата на Европа.

Капитенот на тимот од Автокоманда, Даниел Дупјачанец, вели дека примарната цел е остварена, но и дека Металург нема да застане тука.

„Се знаеше пред почеток на ждрепка дека нема лесни ривали во оваа фаза. Ама можам да кажам дека од секој шешир го добивме „најмалото зло“. Со некои од ривалите сме се среќавале низ минатите сезони, повеќето ни се баш познати, но сметам дека имаме доволно време чекор по чекор секој од нив да го анализираме. Ние својата примарна цел ја остваривме со самиот пласман. Но, нема да застанеме тука сигурно. Објективно мислам дека имаме квалитет и мотив, сега веќе растоварено, да се надигруваме со секој противник во групата, а со самото тоа се надевам на пласман во нокаут фазата“, изјави Дупјачанец за 24Ракомет.

Металург првиот дуел го игра на 20 октомври на гостувањето кај францускиот Тулуз, додека во второто коло дома ќе игра со Висла Плоцк.

Рајн Некар доаѓа во Битола, Металург против Адемар Леон и Висла Плоцк!

Металург тргнува на гости кај Тулуз, „фармацевтите“ дома против Татабања

Кастратовиќ: Добивме ривали какви посакувавме, а сите групи се израмнети