Дуото „ДД“ со Ваљадолид до бод против фаворитот Ла Риоха

Македонското дуо Дарко Димитриевски и Димитар Димитриоски со Ваљадолид останаа непоразени на мечот против Ла Риоха во Асобал лигата.

Иако губеа во финишот со гол разлика, сепак домашните на крајот се изборија за реми и бод против фаворизираниот ривал, 29-29.

Димитриоски немаше промашување и постигна два гола од два обида, додека Димитриевски беше стрелец на два погодока од три обиди.

Со овој бод, тимот на Ваљадолид сега има вкупно осум, а тоа е доволно за деветтата позиција на табелата.