Дуелот Металург-Вардар е откажан, денеска нема ракомет во Автокоманда

Натпреварот меѓу Металург и Вардар кој требаше да се игра денеска од 18 часот е откажан поради проблемите во кои се наоѓа екипата на Металург.

Од клубот од Автокоманда најавија прес-конференција за утре во 11 часот кога би требало да бидат објаснети причините за одлагањето на средбата, но ќе биде објаснето и што ќе се случува во иднина со клубот.

Засега она што е јасно е дека Металург и Вардар денеска нема да играат што значи дека пролетниот дел од сезоната стартува со мали проблеми.

Супер лигата продолжува, ќе истрчаат ли денеска сите тимови на терен?