Дрогришки: Сакаме да ја завршиме сезоната со победа без оглед на сè

Во последното коло од плеј-офот во Супер лигата, екипата на Охрид гостува на Бутел во Скопје.

Средниот бек на охриѓани, Стефан Дрогришки, вели дека без разлика што шансата за излез во Европа е пропуштена, тие на овој натпревар одат на победа, за да ја задржат петтата позиција на табелата и со победа да ја завршат сезоната.

“Иако пред една недела бевме со реални шанси за Европа, сепак на крајот имаме дуел со екипата на Бутел, кој ќе одлучува за нашиот конечен пласман, односно за петтото место. Сакаме да ја завршиме сезоната со победа без оглед на се и мислам дека добро се подготвуваме за натпреварот. Бутел е една добра и искусна екипа која знае да одигра добро во одбрана и сигурно во напад. Не очекува интересен и неизвесен натпревар. Мислам деканашата мотивација ќе биде на високо ниво за да славиме на овој натпревар”, изјави Дрогришки.

Натпреварот меѓу Бутел и Охрид се игра вечерва, во 18:00 часот, во спортската сала “Антон Димитров”.