Драчевци тргнаа со висок триумф во новата сезона

Ракометарите на Драчево продолжуваат со добрата форма и во новата сезона, а на натпреварот за отворање на шампионатот дојдоа до победа од 40:25 на гостувањето кај Работнички.

Драчево имаше предност во текот на целата средба. Водеше од почеток така што немаше никаков проблем постојано да биде во позитива. Имаше плус 11 гола на крајот од првиот дел што гарантираше можност за продолжение без протисок.

После 21:10 во првите 30 минути во продолжението само беше ставено до знаење дека ќе биде забележана висока победа која изнесуваше 15 гола разлика.

Конечните 40:25 во корист на Драчево покажаа дека овој тим сезонава ќе биде одново во комбинација и во трка за место во плеј-офот.

РАБОТНИЧКИ – ДРАЧЕВО         25:40 (10:21)

Сала: СЦ „Јане Сандански“ (мала сала) во Скопје. Судии: Мирко Трајковски и Александар Вукашиновски од Скопје. Делегат: Ерик Белимов од Скопје.

РАБОТНИЧКИ: Огњановски, Стојчевски 1, Чакалиќ 2, Пановски 2, Идризи, Дамески 1, Ралев, Пејковски, Димов, Дамчевски 1, Димевски 7, Бадаревски, Перчуклиевски, Петровски, Дука 11.

Седмерци: 2/3, Исклучувања: 16 мин.

ДРАЧЕВО: Кизиќ, Христов, Ристовски, Димовски 4, Дабевски 5, Атансовски, Стојановски 3, Вујиќ 2, Јаховиќ 4, Ангелов 11, Ангеловски, Матовски 3, Станиќ, Јорданов 4, Петковски 4.

Седмерци: 3/3, Исклучувања: 6 мин.