Драчевци со победа ја финишираа сезоната, но останаа само трети

Ракометарите на Драчево триумфираа против Куманово со убедливи 38:29 во рамките на последното, 14. коло од плеј-оф групата во Првата лига. Со победата над Куманово, Драчево завршува на третото место.

Драчево уште на самиот почеток ја оправда фаворитската улога и без проблеми водеше во текот на целиот натпревар. Гостите од Куманово, кои настапија само со девет ракометари имаа сили за првите десетина минути при негатива од 5:4, а во преостанатиот дел ракометарките на Велимир Настески доминираа на теренот. На полувреме, Драчево имаше предност од девет гола разлика, 21:12.

Во второто полувреме дојде до опуштање на домаќините и нивната лоша игра беше целосно искористена од страна на Куманово.

Иако разликата беше голема, кумановци намалија на само пет гола разлика, 29:24, на десет минути до крајот на натпреварот. Сепак, Драчево не попушти до крајот и ја врати разликата од првиот дел. Куманово со краткиот ростер целосно падна во последниот дел и мораше да го прифати денешниот пораз.

Најефикасен во составот на Драчево беше Иван Ангелов со десет гола. Во составот на гостите, Андреј Миладиновски беше прв стрелец со девет погодоци.