Драчево стартуваше со подготовки, посакува место во баражот за Суперлига

Тимот на Драчево, кој по подолга пауза оваа сезона се врати во системот на натпреварувања, можеби по малку и изненадувачки без пораз и со само едно реми успеа да стигне до плеј-офот во Првата лига.

Драчевци веќе стартуваа со подготовки за предизвиците што ги очекуваат од март со настапите во Купот на Македонија и разигрувањето за бараж. Тренинзите се одвиваат во спортската сала „Круме Кепески“.

Тренерот Велимир Настески во пролетниот дел од сезоната освен на целиот тим што играше есента ќе смета и на искусното десно крило Влатко Јовчевски.

Драчево ќе се бори за баражот за Суперлига со Аеродром, Шампион, Вардар Неготино, Јехона, Скопје, Куманово и Металург РА.