Драчево победи во Автокоманда, остана во живот за Супер лига

Ракометарите на Драчево дојдоа до победа од 36:31 против екипата на Металург РА во Автокоманда и го продолжија својот сон за Супер лига.

Овој триумф ги остави драчевци во трка за местото кое носи во суперлигашкото друштво така што во последните две кола ќе треба да се одработи исто така на ниво за да се има некаква шанса.

Екипата на Металург РА беше цврст ривал, а имаше и многу погодоци така што беше одиграна ефикасна средба со дури 77 погодоци.

Во првото полувреме домашните имаа повеќе од играта. Успеаја да дојдат до предност од два гола и водеа со 18:16.

Ова беше резултат кој не им гарантираше мирно продолжение на средбата, а гостите успеаја да се вратат во ритам и да дојдат до пресврт. Во вториот дел од второто полувреме го свртеа резултатот во своја корист и дојдоа до триумф така што на крајот освоија три важни поени, но сега ќе треба да чекаат да им се насмевне и среќата за да можат да дојдат до нешто повеќе бидејќи Шампиони и Скопје и понатаму се во предност.

МЕТАЛУРГ РА – ДРАЧЕВО           31:36 (18:16)

Сала: Автокоманда во Скопје. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегат: Ерик Белимов од Скопје.

МЕТАЛУРГ РА: Ацевски, Брестовац, Димевски 1, Фидановски 5, Тричковски 1, Христоски, Трајкоски, Николов 5, Андревски 1, Ристовски 2, Георгиевски, Шкријељ, Мандиќ 6, Прцуловски 3, Петровски 5, Додиќ 2

Седмерци: 5/6, Исклучувања: 6 мин.

ДРАЧЕВО: Павловски, Ристовски 1, Димовски 9, Дабевски 1, Атанасовски, Вујиќ, Јаховиќ, Ангелов 11, Станиќ, Андовски 7, Ангеловски, Соколовски 1, Матовски 3, Петковски 3

Седмерци: 2/3, Исклучувања: 10 мин.