Драчево го комплетира тимот – донесе уште два бека

Прволигашот Драчево го комплетираше ростерот на тимот кој викендов треба да ја стартува новата сезона.

Нови членови на Драчево се средниот бек Андреј Јорданов од Пролет и десниот бек Никита Стојановски од Шампион.

Јорданов беше дел од младинските тимови на Пролет, додека Стојановски беше меѓу најдобрите стрелци на прволигашот Шампион, кој минатата сезона стигна до бараж за Суперлига.

Претходно Драчево донесе уште двајца голмани – Филип Христов и Никола Кизиќ. Драчевци новата сезона ја стартуваат со гостување кај составот на Работнички в сабота од 13:30 часот.