ДРАМА во Москва: ЦСКА и Ристовска во финишот обезбедија место во четвртфиналето на ЛШ

Познати се првите три учесници во четвртфиналето од женската Лига на шампиони – ЦСКА Москва, Ѓер и ЧСМ Букурешт.

Рускиот тим ЦСКА каде што игра македонската репрезентативка Сара Ристовска, имаше негатива по првиот меч во Словенија од пет гола, но таа беше надоместена во Москва и домаќинот славеше против Крим со. 27-21. Иако ЦСКА водеше и со осум разлика, сепак пласманот во четвртфиналето мораше да биде потврден во последните две минути кога стрелаа Хендал и Дмитриева. Ристовска на овој дуел беше трет стрелец и даде четири погодоци. Најдобра во ЦСКА беше Дмитриева со седум голови, а исто толку даде Плетикосиќ од Крим.

Европскиот шампион Ѓер по убедливото издание на гостувањето кај Битигхајм, немаше проблеми ниту на домашен терен да забележи уште еден триумф, 32-28. Кај победникот, Естел Нзе Минко даде пет гола, а во гостинскиот тим се истакна Ким Наиџинавичиус со седум погодоци.

На романскиот двобој меѓу ЧСМ Букурешт и Валчеа беше интересно до самиот крај. ЧСМ имаше плус девет од првиот двобој, но загуби со 21-27. Во второто полувреме мораше да стравува за пласманот во четвртфиналето, бидејќи гостинките имаа и плус седум во два наврати. Сепак избраничките на Ади Василе не дозволија големо изненадување и обезбедија место во следната фаза пред Ф4. Најдобар стрелец беше Неагу со 11 погодоци, а кај Валчеа, Гонзалес даде пет погодоци.