До доделување на ваучерите: РФМ ќе ги плаќа судиските и делегатските такси во Прва лига!

По средбата на претставниците на клубовите од Првата лига со претседателот на Ракометната федерација на Македонија – Живко Мукаетов, пред две седмици, во која главна тема беа ваучерите, денеска РФМ донесе итна одлука, која ќе важи се до доделувањето на истите.

На состанокот беше договорено да бидат одиграни првите три кола, а доколку клубовите не добијат ваучери по нив, судиските и делегатските такси да бидат на товар на РФМ, со што ќе се олесни нивното функционирање.

Ова одлука е потврдена, доделувањето на ваучерите повторно е одложено на неодредено време, но клубовите сега нема да имаат трошоци и ќе можат без проблем да ги играат натпреварите редовно.

Пред стартот на сезоната, тие се заканија дека доколку не добијат ваучери нема да играат, но работите иако можеби не течат во посакуваниот правец, сепак РФМ им излегува во пресрет на клубовите.

Како ќе се одвиваат работите понатаму, останува да видиме во следниот период.