До „вчера“ играше во ЛШ, сега стана тренер!

Еден од легендите на Шпанија, Даниел Сармиенто Мелиен, по завршувањето на играчката кариера одлучи да остане во ракометот.

Искусниот ракометар, кој на терените беше активен до ланската сезона, ќе биде тренер на неговиот матичен клуб Галдар.

Сармиенто последната сезона од неговата кариера ја мина во полскиот вицепрвак Висла Плоцк.

Беше дел и од екипите на Сент Рафаел, Барселона, Адемар Леон и некогашниот европски гигант Сиудад Реал.

За Шпанија одигра 147 натпревари на кои постигна 283 погодоци. Со националниот тим освои злато на СП 2013, како и на ЕП 2018 и 2020.