Дојде во Вардар како европски шампион, а сега ќе игра во Израел

Кариерата на десниот бек Стефан Терзиќ одамна не се движи според посакуваната насока. Иако му беше предвидувана блескава иднина сепак, тој не е ниту сенка од играчот што требаше да биде.

Како младинец од Борац Бања Лука замина во бундеслигашот Хамбург, со кој уште во првата сезона стигна до европската шампионска титула. Тоа беше одлична препорака за трансфер во Вардар.

Во македонскиот шампион го следеа многу повреди и во првата сезона беше позајмен на тимот на Струмица, а во втората играше многу малку. Следуваше трансфер во шпанската Ла Риоха, но ниту таму не се изнаигра.

Три години мина во португалската Бенфика Лисабон, но и тамошниот престој го одбележаа повредите, па не успеа да го искаже својот потенцијал. Минатата сезона беше член на романската Потаиса Турда и чешкиот Талент Плзен, а во новата сезона ќе има нов предизвик.

Терзиќ потпиша договор на една година со израелскиот тим Рамат Хашарон и таму ќе игра заедно со поранешниот член на Металург, голманот Дарко Арсиќ.