„Доцниме со анализите за ЕП – железото се кова додека е жешко!“

Професорот Јаковче Матлиевски, кој е еден од креаторите на голем број македонски репрезентативци и во моментов посветен на работа со младите категории во интервју за 24Ракомет даде свое видување и за последниот настап на националниот тим на Европското првенство.

Во последните неколку години работиме на подмладок и промена на генерацијата, но тоа создава проблеми. Како човек кој е посветен на младите категории го прашав професорот каде грешиме во процесот?

„Не сакам да бидам голем критичар, но ја зборувам вистината, а таа боли. Велиме дека многу години ја подмладуваме репрезентација, но тоа не е точно! Подмладувањето го направија Брестовац и Матлиевски. Играчите кои настапија на ЕП не се млади, тие имаат неколку големи натпреварувања зад себе, настапи во европските клупски купови со екипите, интернационални кариери… и товарот требаше тие да го превземат. Мојата теорија е дека нема млад и стар играч, има добар и лош! Селекторот и неговите соработници треба да направат анализа, но побрзо, затоа што железото се кова додека е жешко, а не потоа. Ние изјавуваме да почекаме, со ладни глави – помина тоа и треба да се направи анализа до каде сме и што сме. Бевме во група во која можевме да се најдеме во следната фаза. Не сакам да навлегувам во тактиката, но не може играч кој игра во Бундеслига да не биде прва постава или да добие шанса по десет минути игра.  Миркуловски требаше повеќе да игра, тој е докажан и можеше да помогне повеќе и тука одлично се вклошува и моето размислување, дека нема млад и старт, туку добар и лош, а она што го знае, има и може бекот, требаше да се искористи!“

Целосното интервју прочитајте го во продолжение…

ИНТЕРВЈУ ЈАКОВЧЕ МАТЛИЕВСКИ: Дајте ми услови и ќе направам репрезентативци за Македонија да може да игра на врвни натпреварувања!