Дорук Пеливан: Луксуз е да се биде играч на Келце!

Турскиот репрезентативец Дорук Пеливан кој настапува за шампионот на Полска, Келце за eurohandball.com имаше интересна изјава за неговиот претстој во клубот.

21-годишниот ракометар имаше само пофални зборови за атмосферата во клубот и истакна дека добил повеќе отколку што очекувал во Келце.

„Се надевам дека моите настапи ќе бидат уште подобри. Постојано забележувам  напредок. Многу се борев кога пристигнав во Келце, и понатаму продолжувам да се борам и да напредувам. Да се биде во овој клуб е дури и подобро отколку што очекував. За оние кои што сакаат ракоемет, да се биде играч на Келце е луксуз. Имаме одличен тим, сите сме пријатели и веруваме едни на други“, рече Пеливан.

Келце обезбеди место во осминафиналето од Лигата на шампионите, и доколку го мине Целје, во четвртфиналето ќе се соочи со победникот од двобојот меѓу ПСЖ и Динамо Букурешт.