Доминација во Хрватска – Загреб е неприкосновен, ја освои 29. круна

Екипата на ППД Загреб го совлада тимот на Сесвете со 43:24, а оваа победа беше и повеќе од доволна за потврда на првото место и воедно на 29. титула во првенството на Хрватска.

ППД Загреб доминира бидејќи е единствениот клуб кој досега успеал да дојде до титула во Хрватска. Ниту еден клуб досега не успеал да се избори за првото место бидејќи секогаш тимот на Загреб бил на врвот.

Минатата година немаше шампион во Хрватска, па затоа нема 30 титули, но има 29 трофеи така што има целосна доминација и тешко дека некој би успеал да го загрози овој тим и во следните години со оглед на тимот кој се прави.

Ивица Обрван ќе има одличен состав за следната сезона така што Нексе тешко ќе може да парира во шампионатот којшто ќе следува од септември.

Инаку, на коло пред крајот на сезоната Загреб има четири бода повеќе (за победа се даваат два бода) од Нексе, што значи дека последниот натпревар ќе биде само формалност.