ЕП 2020: Домаќинот не препушта ништо на случајноста, убедливо до први бодови

Селекцијата на Данска стартуваше со победа од 30:23 на дуелот против Словенија во 1. коло од Европското првенство на кое е домаќин.

Данска беше во предност во текот на целата средба и во ниту еден момент победата не беше доведена во прашање ниту беше загрозена.

Добрата игра се виде од стартот, а Словенија парираше колку што можеше на овој дуел. Немаше многу шанси за да направи нешто повеќе на овој дуел така што на крајот мораше да се помири со пораз.

На полувреме резултатот беше 14:11 во корист на Данките, а тие во продолжение постепено ја големуваа предноста која на крајот изнесуваше седум гола и конечни 30:23.

Најефикасна во победничкиот состав на овој натпревар беше Ларке Нолсо Педерсен со шест гола од девет шута. По петкати прецизни беа Јоргенсен и Јенсен Остергард. Во Словенија по пет гола имаа Барбара Лазовиќ и Наташа Љепоја.