Домаќинот на Мундијалот ќе тестира со Србија

Еден од двата домаќини на Мундијалот во јануари 2023 година, Шведска, ќе има силни тестови пред стартот на светскиот собир.

Швеѓаните ќе одиграат два пријателски натпревари со составот на Србија, кои ќе бидат пред нивните навивачи.

Првиот дуел ќе биде на 6 јануари во Лунд, додека вториот ќе биде на програмата три дена подоцна, на 9 јануари во Халмштад.

За европскиот шампион тоа ќе бидат последни проверки пред настапот на Светското првенство. Шведска ќе игра со Бразил, Зеленортски Острови и Уругвај, додека Србија ќе биде во група со Германија, Катар и Алжир.